Светот на Loolka

Зошто да користите наддушек и кои типови постојат?

Квалитетниот сон е еден од најважните фактори за здравје, енергија и добро расположение. Но, често се случува и најдобрите душеци со тек на време да ја изгубат удобноста или да не нудат соодветна поддршка за телото. Тука на сцена доаѓа наддушекот, кој е практично и економично решение кое може целосно да ја промени вашата површина за спиење.

Наддушекот служи за подобрување на удобноста, зголемување на хигиената и заштита на подлогата (душек или софа) врз која е поставен. Влијанието врз квалитетот на сонот зависи од неговата дебелина, материјалите од кои е изработен и технологијата што ја користи.

Тенки наддушеци за дополнителна удобност

Овие наддушеци со висина од 3 до 5 см најчесто се изработени од помека или мемори пена, кои нудат пријатно чувство на мекост и адаптирање кон телото. Тие се идеални за премногу цврсти душеци, бидејќи додаваат дополнителен слој удобност и создаваат подобро чувство при спиење. Благодарение на мемори пената, наддушекот ја следи формата на телото и обезбедува подобра поддршка на критичните точки како што се рамениците и колковите.

Сепак, важно е да се има предвид дека овие тенки наддушеци не можат да коригираат подлабоки нерамнини, оштетувања или вдлабнатини на основната подлога. Тие се наменети првенствено за подобрување на удобноста, а не за поправка на постари или оштетени душеци.

Средно високи наддушеци за стабилност и корекција

Наддушеците со висина над 6 см обично се изработуваат од цврста пена или комбинација на цврста и мека пена. Тие овозможуваат делумна корекција на подлогата, даваат поголема стабилност и ја зголемуваат удобноста при спиење.

Иновативни наддушеци – Loolka како нова генерација

naddusek Loolka

Третата категорија се наддушеци од новата генерација, какви што нуди Loolka. Благодарение на напредна технологија, овие наддушеци комбинираат повеќе зони на поддршка, персонализација и стабилност. Тие не само што ја корегираат подлогата, туку значително го подобруваат квалитетот на сонот. Со наддушеците на Loolka, ќе добиете чувство дека спиете на луксузен нов душек, без разлика дали го поставувате врз стар душек, софа или друга подлога.

Доколку сте заинтересирани или сакате да ни поставите прашање, пополнете ја контакт формата, а ние ќе ви одговориме во најбрз можен рок!

    Задолжителните полиња се означени со *

    Затвори
    Search Results
    5.990 ден
    Димензија (cm)
    70x190x580x190x580x200x590x190x590x200x5120x200x5140x190x5140x200x5160x190x5160x200x5180x200x5
    2.990 ден
    Color Moon
    АзурнаКилибарКремСива
    11.990 ден
    Димензии (cm)
    70x190x780x190x780x200x790x190x790x200x7120x200x7140x190x7140x200x7160x190x7160x200x7180x200x7
    Basket (1)