Вашата кошничка е моментално празна.
Loolka
Останати перници
Ергономски дизајн
Создаден за совршена поддршка и удобност.
Потврдено од експерти
Поддржано и проверено од експерти
Врвен квалитет
Изработени од висококвалитетни материјали.
Произведено во Европа
Дизајнирани и произведени во Европа
Зошто перниците се важни?
Перницата е еден од најважните фактори за здрав и квалитетен сон. Правилно избраната перница обезбедува оптимална поддршка за вратот и главата, помагајќи му на телото да остане во природна положба во текот на ноќта.
Правилната перница, наддушек или душек е темелот на добриот сон, но токму и дополнителните перници го збогатуваат искуството и се прилагодуваат на лични потреби. Дополнителните перници не се само „дополнување“ – тие се завршниот допир што ја прави удобноста целосна.
Најчесто поставувани прашања
Loolka SmartAdjust перници
Навлака: Откопчајте ја навлаката. Перете во машина на 40°C на нежен циклус со слични бои. Изберете соодветна програма за перење.
Јадро: Суво чистење. Јадрото не се пере во машина.
Било која перница мора да се замени доколку го има изгубено обликот без разлика што сè уште ја чувствувате удобно, таа може повеќе да не обезбедува правилна потпора. Дополнително, од хигиенски причини, важно е да се заменува секаков вид перница на секои две години. Со текот на времето, перниците акумулираат грини од прашина, пот и алергени, па затоа редовната замена обезбедува почиста и поздрава средина за спиење.
Перницата треба да го држи вратот во природна положба и да обезбеди рамномерна поддршка. Изборот зависи од вашето тело односно перницата треба да се одбере според вашата телесната градба, потоа позиција на спиење, и преференциите за удобност. Затоа персонализирана перница или пак прилагодливите перници се најдобар избор.
Анатомските перници имаат ергономска форма која ја следи природната линија на вратот и се идеални за поддршка. Класичните перници имаат рамна форма и се пофлексибилни за различни позиции на спиење.
Правилно избраната перница може значително да помогне во намалување на болките, бидејќи обезбедува правилна положба на вратот и го намалува притисокот во текот на ноќта.
Да, квалитетната навлака (како Tencel или сатенски памук) помага во регулација на температурата, ја намалува влагата, се грижи за кожата и косата и обезбедува попријатно чувство при спиење.
Loolka Moon Pillow
Moon Pillow е повеќенаменска перница за потпора која може да се користи за доење, читање, спиење или релаксирање. Нејзината месечеста форма се прилагодува на телото и обезбедува удобност и поддршка каде и да ви е потребна.
Перницата е исполнета со меки PU парчиња што обезбедуваат флексибилна потпора, а има и неверојатн мека навлака од микрофибер која е исклучително нежна и пријатна на допир.
Да, навлаката од микрофибер се пере во машина на 30С, што овозможува лесно одржување и свежина.
Секако. Квалитетните материјали и полнењето овозможуваат удобност и стабилност дури и при секојдневна употреба.
Loolka Hourglass Leg Pillow
Loolka Hourglass Leg Pillow е дизајнирана да се постави меѓу колената и да обезбеди подобра телесна поставеност, да го намали притисокот и да понуди адаптивна удобност за време на спиењето.
Исполнета е со лесни EPS микротопчиња кои се приспособуваат на вашите движења и обезбедуваат флексибилна потпора и удобност во текот на целата ноќ.
Идеална е за луѓе кои спијат на страна или имаат болка во колената, колковите или долниот дел на грбот. Ергономскиот дизајн помага во подобра поставеност и подлабок, порелаксиран сон.
Да, може да се пере целосно во машина на 30С, што овозможува лесно одржување и постојана свежина.
Да, благодарение на адаптивното полнење и формата на песочен часовник, таа природно се прилагодува на различни позиции и телесни форми.
Да, може да се користи и при седење или релаксирање, за олеснување на притисокот и поддршка на колената.